• 78
  • 0
  • 0
  • 0
  • 0

После сето, дишеме отров по патот до медот
После сето, по лабав светот e поголем гревот
После сето, овците свесни се полн е редот
После сето е ова сето музиката един е излез од светот
После сето, немаме правда ни со сведок
После сето, не гледам исто на старото место
После сето за фиљан го јадат, како да убиле некој
После сето е ова сето а после сето...


Сум далеку од сето горе на планина со цветот
Кај што зборот е идеа а умот работи на жетон
Светот ко аркадна машина играш додека има во џебот
Искуството е един начин да се диктира левелот
Глеј секад сум на ризик додека работам на сигурно
Дека сме растени у време каде работите немаа изговор
Аналогна доба пуцкета касета и плоча дур возат
Вечерно време по улици каде се вљубив во неа старата школа
Денеска рапот го возат во јахта,но вожњата некако климава
Сето им паѓа во водата додека сеуште бизнисот е на улицава
Ствари се прават дур трепнеш, треперат будно да не склопат очи
Грешката челичи повеќе пазиш пред, секој нареден злочин
Крпат тивко варијанта- комбинации да паднат
Веќе не се дружат за муабет се дружат за да пафнат
Јас не пратам што зборат па, работам само на себе
... И не верувај дека ќе веруваат во тебе
Проблем со интелектот движат нестабилни по ивицата
И напредокот нема да постои кога стравот им е границата
Скоро да нема отворени умови а прелив од празна глава
Вшок сме овде на земјава страда а луѓето себично бараат права


После сето, мирот стана честа реткост
После сето, праќаат месија од пекол
После сето, ги нема птиците празно гнездо
После сето е ова сето семето успеа овена цветот
После сето, животот краток e штедат за векот
После сето валутата ja надмина нашата вредност
После сето себично секој бара, некаде подобро место
После сето е ова сето а после сето...


Одиме напред, а сме назад у сред време дискутабилно
Кога ист момент од минато, лесно станува идно
Дали моментот враќа меморија или меморија враќа момент
Времето прави од тебе ли подобар човек или поголем проблем
Слабата точка на секој, е за да те направи ти да си појак
Војната прави не природни граници само, за да ти ограничи боја
Па не поштувам правила што не прават да сум сфатен право
Праволно е да правам свои за да ми се поштува ставот
Неминовно неми, но во новово време пробно пловат
Книгата спасува толкава толпа што без едукација гине во војна
Простата маса е моќта битно сите се први и чукаат гради
Затоа што неколку водат со се и секад најдобрите гинеле млади
И верувам сите кон горе, целиме, додека различна цел цениме
А штом луѓето горе ќе отидат непостои цена за време да смениме
Сечат црвена лента, а газат од старт на линија престап
Политика прави да не спијат мирно, среќа што тоа го преспав
Денес се плаќа за тајна, додека вистината е некако глува
Па тајната вреди точно колку што вреди и тој што ја чува
И промена нема да има се додека секој не почне од себеси
После се не е ни битно што зборам, битно е како ќе пренесиш

Récemment écouté par

0 commentaires
    Aucun commentaire trouvé

:: / ::
::
/ ::

Queue