• 138
  • 0
  • 0
  • 0
  • 0

Beat : Fis
Lyrics : Kemp OD
Mix & Mastering : Thomas
Recorded at Sun Set Production 2002

Сврти нова страница, не барај граница, кланица,
пред бога исти сме, остави предрасудите
во исти гомна сме, делиме живот или смрт,
имаме сите своја судбина и црвена крв,
православно или исламско тие факти што ти значат ?
Едни имаат се, додека на други мајки плачат,
не дели религиозно, за болеста најди лек,
дели на човек и нечовек во овој проклет век,
гадна политичка пропаганда, премногу скептична,
донесе сиви ветришта, омраза меѓуетничка,
затвори многу домови, отвори нови ровови,
па сакаш бели порови, а има црни гробови,
удрија црни громови, за бог да проговори,
батали омразата, слепиот очи отвори,
подобро пријатели него непријатели,
има една вистина каде нема граници

Рефрен/Refrain :
Едни сакаат, други мразат, некој лечи, друг убива,
некој губи, некој сака но друг можеби добива,
не барај разлика, некој урива, друг гради,
кога гинат жени, деца, луѓе стари и млади.


Во спротивно ти така сакаше, епа продолжи види,
каде го носи светот, омразата каде иде,
деца детство немаат, цвеќиња не цветаат,
остана пустош, крваво, птиците не летаат,
небото пак е облачно, ти така сакаше нели ?
Пукај директно во гради, но моите браќа се смели,
тука животот се дели на едно или друго,
смрт или слобода, на омраза или љубов.
Нејќеш нежност, сакаш грубост, залуден ти е трудот,
не тоа не е чесно, побарај на друго место,
тука има совест за секоја душа јадна,
тука има топлина во секоја зима ладна,
гадна ти е целта, како пепелта и правот,
мене детството ми помина во присуство на стравот,
разделија војната што подалеку од мирот,
има толку многу судбини, а сепак еден живот.

Recently Listened by

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue